Мареј и Серена ќе играат на двојки на Вимблдон


Англија– Британецот Енди Мареј и Американката Серена Вилијамс ќе учествуваат на Грен слемот Вимблдон во мешани двојки.

Претходно, Вилијамс им изјави на новинарите:

-Ако навистина го сакате тоа, добро, во ред.

Мареј, исто така, ќе игра и на турнирот во двојки. Негов партнер ќе биде Пјер-Југ Ербер.

Мешаниот турнир на Вимблдон започнува в петок.