Маратонска седница на Собранието – верификувани мандатите на четворица нови пратеници, треба уште на тројца


Со верификацијата на мандатот на Славјанка Петровска која доаѓа на местото на Оливер Спасовски, досега се верификувани мандатите на четворица нови пратеници кои се избрани наместо Зоран Заев, Љупчо Николовски, Радмила Шекеринска и Оливер Спасовски.

Останува истата постапка да биде спроведена и за Никола Димитров, Мила Царовска и Јагода Шахпаска од СДСМ и Насер Нуредини од ДУИ.

Пратениците на Алијанса за Албанците и Алтернатива ја напуштија седницата со образложение дека веќе 12 часа се во Собранието и барање да се продолжи со работа утре во 9 часот, на што претседателот на Собранието Талат Џафери рече дека законодавниот дом ќе работи се додека има соодветно мнозинство.

Претходно, седницата ја напуштија и пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и Левица.

Во текот на денешниот ден беше констатирана и оставката на Фљорин Бесими, брат на Фатмир Бесими кој е предложен за министер за финансии. На негово место, верификуван е мандатот на новиот пратеник од ДУИ Бедри Фазлиу.