Мараја Кери е „Билборд икона“


САД- Американската поп-ѕвезда Мараја Кери доби уште една потврда за својот статус во музичката индустрија синоќа на доделувањето на „Билборд наградите“ во Лас Вегас.

Ја доби наградата „Билборд икона“  како признание за нејзината долгогодишна успешна кариера, а нејзините песни со децении беа на врвот на топ листите.

По тој повод Кери на церемонијата во Гранд Гарден Арена настапи во живо и ја покажа новата вита линија.

Со 12 награди од 17 номинирани, поп-ѕвездата Дрејк синоќа триумфираше на наградите „Билборд“. Дрејк ги освои меѓу другите наградите Топ музичар, Топ хот 100 музичар, музичар со најпродавани песни, рап музичар, со нај албум…

Карди Б од 21 номинација, освои шест награди, меѓу нив за нај радио песна и раперка на годината. Аријана Гранде е најмузичарка, а Ед Ширан има турнеја на годината.

Дрејк го сруши рекордот на Тејлор Свифт која освои 23 награди на Билборд, а Дрејк ја надмина со 27 статуетки на престижните музички награди.