Марадона го напушти Дорадос поради здравствени причини


Мексико– Диего Марадона ја напушти тренерската позиција на мексиканскиот Дорадос де Синалоа по совет на лекарите, соопштија локалните медиуми.

– Според лекарски совет, ќе одвоиме потребно време за одржување на здравјето. Тој ќе претрпи две операции – на коленото и во рамото. Благодариме на Дорадос и ќе го продолжиме овој сон друг пат, изјави неговиот адвокат Матијас Морли во социјалната мрежа „Твитер“.

– Заедно го изненадивме светот. Покажавме страст кон фудбалот и големо срце. Ви благодариме за сè, ќе се видиме наскоро, пак, напишаа од Дорадос.