МАПАС издаде одобрение за основање друштво за управување со доброволни пензиски фондови


Фото: Б. Грданоски

Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС информира дека издаде дозвола број 04 за основање на друштво за управување со доброволни пензиски фондови на Друштво за управување со отворени и затворени инвестициски фондови ВФП ФОНД МЕНАЏМЕНТ АД СКОПЈЕ.

Заедно со дозволата, што била издадена вчера, Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС издала и условно одобрение број 04-02 за управување со доброволен пензиски фонд на Друштво за управување со отворени и затворени инвестициски фондови ВФП ФОНД МЕНАЏМЕНТ АД СКОПЈЕ.

Ова одобрение, додаваат оттаму, е условно до основање на друштвото и упис на пензиското друштво во Централен регистер на Република Северна Македонија.

Со овој чекор, велат од МАПС, се потврдува стабилноста и сигурноста на пензискиот систем и претставува можност за поголема конкурентност и развој на пензискиот систем, како и повеќе можности за избор во интерес на членовите на пензиските фондови.