МАПАС: Членовите во вториот и третиот пензиски столб да ги ажурираат своите лични податоци


Членовите и пензионираните членови на задолжителните и доброволните пензиски фондови треба тековно да ги ажурираат своите лични податоци со цел редовна комуникација со пензиските друштва, користење на услуги од капитално финансираното пензиско осигурување, доставување на известувања од пензиските друштва вклучувајќи ги и редовните годишни известувања, како и користење на дигитални алатки во современи услови кога технологијата брзо го трансформира и начинот на којшто функционира пензискиот сектор, апелираат од Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС).