Мапа на Фронтекс покажува колку Руси влегле во земјите на ЕУ минатата недела


Фронтекс, Европската агенција за гранична и крајбрежна стража, објави колку руски државјани влегле и излегле од Европската унија.

Фронтекс објави дека во изминатата недела во земјите членки на Европската унија влегле 28.164 граѓани на Руската Федерација, што е за 4.200 повеќе од претходната недела. Во исто време, 25.651 руски државјанин ја напуштија ЕУ и се вратија во Русија.

Од почетокот на војната, повеќе од 1,45 милиони Руси влегле во Европската унија, а 1,42 милиони од нив се вратиле во Русија преку границите на ЕУ.