Мануел Сарацин пак е во Скопје

Со германскиот претставник допатува и специјалниот претставник на Словенија за Западен Балкан, Анжеј Франгеш


 

Патот кон ЕУ, уставните измени и Планот за раст денеска беа тема на разговор на вицепремиерот за европски прашања со двајца специјални претставници за Западен Балкан – Мануел Сарацин на Германија и Анжеј Франгеш на Словенија. 

„Заедничката детерминираност на Северна Македонија и државите од Западен Балкан за влез во ЕУ како и постојаната силна поддршка од нашите партнери е гаранција за напорите кои ги вложуваме и овозможуваат успешно изодување на патот кон ЕУ“, истакнал Маричиќ на средбата, соопшти СЕП.

На средбата е потврдено заедничкото пријателство и поддршката за напредокот кон ЕУ од двете пријателски земји, Словенија и Германија на Македонија, се вели во соопштението.

Маричиќ и специјалните пратеници оценија дека членството во ЕУ ќе биде извесно, а новиот План за раст, подадената рака од Европската комисија треба што поскоро да се прифати и во целост искористи со цел реализирање на нашата стратешка цел за влез во ЕУ.