МАНУ прв пат домаќин на 13. Конгрес на Меѓународната асоцијација за проучување на Југоисточна Европа (AIESЕE)

13. Конгрес на Меѓународната асоцијација за проучување на Југоисточна Европа (AIESЕE), ќе се одржи од 15 – 19 септември 2025 година во просториите на Македонската академија на науките и уметностите.
Седиштето на оваа Асоцијација се наоѓа во Париз и функционира под покровителство на УНЕСКО, а во неа членуваат сите држави од Југоисточна Европа со свои национални комитети. Нејзините конгреси се одржуваат на секои 5 години, а оваа година за прв пат конгресот се одржува во Скопје, во организација на Македонскиот национален комитет на AIESЕE, при МАНУ.
Свеченото отворање е на 15 септември 2025 година (понеделник), во 11 часот во свечената сала на МАНУ.
Линк до програмата на Конгресот: https://manu.edu. mk/wp-content/uploads/2025/09/ Final-program.pdf.