МАНУ одбележува 80 години од раѓањето на академик Глигор Јовановски
Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) денеска ќе одбележи 80 години од раѓањето на академик Глигор Јовановски.
Предвидена е промоција на Собрани трудови IV (2015 – 2025) од академик Јовановски и на капиталното дело – монографијата „Македонски природни богатства“, приредена од академик Јовановски.
Пригодно обраќање ќе има претседателот на МАНУ, Живко Попов, за Собраните трудови ќе зборува академик Глигор Јованоски, додека за монографијата дописниот член на МАНУ, Валентин Мирчески.