МАНУ и Кинеската академија на науките потпишаа Меморандум за соработка

Блаже Конески пред МАНУ
Меморандум за научна соработка беше потпишан денеска меѓу Академијата на науките и уметностите на Република Северна Македонија – МАНУ и Кинеската академија на науките.

Меморандумот го потпишаа претседателите на двете академии, Таки Фити и Чунли Баи, на работниот состанок во МАНУ.

Со овој меморандум и со веќе потпишаниот Меморандум за научна соработка со Кинеската академија за општествени науки, се создадени нужните предуслови за засилување и диверзифицирање на соработката во областа на науките и уметностите меѓу Република Северна Македонија и Кина.

Кинеската делегација беше примена од претседателот на МАНУ, Фити, а на работниот состанок беа претставени двете академии и детално се дискутираше за можностите за идна меѓуакадемиска соработка, како и за можностите за стапување на МАНУ во членство на Меѓународната алијанса на научни организации (АНСО).