Ману Чао со нов акустучен концерт на 24 октомври во МКЦ


Фестивалот „Таксират“ на 24 октомври во Младинскиот културен центар организира ново гостување на музичарот Ману Чао, овој пат како „El Chapulín solo“.

„Таксират фестивал презентира и по стоти и по прв пат и засекогаш! Он не ги пишува само своите песни. Toj едноставно ги живее. Не го пишува својот живот. Toj тоа го пее. Ману не спие. Сонува“, се вели во најавата за концертот.

„El Chapulín solo“ се: Ману Чао – глас и гитара, Лучано Фалико – гитара и Мауро Манчебо – бонго.

„Ова трио сака да ги сподели во интимна атмосфера и акустична варијанта нивните нови и постари песни: Seeds of Freedom, La Vida Tombola, Sibérie, Mala Vida…“, велат од „Таксират“.

Концертот на МКЦ ќе биде возможен замо за 800 луѓе.