„Манескин“ на „Брит авордс“: Им избегаа наградите за најдобра меѓународна група и песна


Англија–  Со оглед на фактот дека „Брит авордс“ им се доделуваат на уметниците од Обединетото Кралство, остатокот од светот е заинтересиран за нивната меѓународна категорија, која годинава славеа претежно жени – Били Ајлиш беше прогласена за меѓународен уметник на годината, додека песната на Оливие Родриго – ‘good 4 in’ – беше прогласена за најдобра. Најдобра група на годината се Силк Соник (Бруно Марс и Андерсон .Паак) кои не дојдоа на доделувањето во Лондон . Оваа награда налути голем број фанови на италијанскиот бенд Måneskin, бидејќи ланските победници на Евровизија беа номинирани и за најдобра меѓународна група, како и за најдобра меѓународна песна. Но бендот кој присуствуваше на доделувањето во лондонската „О2 арена“одлично се забавуваше и дадоа изјави за медиумите.

Италијанските рокери кои ги освојуваат топ-листите во Европа и во Америка, изјавија дека им е „скршено срцето“ што мора да се одложи нивната европска турнеја, поради правилата и прописите за Ковид.

Вокалистот Дамјано Давид  рече дека, сепак, мудро го користат времето со правење нова музика.

„Веќе имаме некои работи, но ќе продолжиме да работиме на тоа“, објасни тој. „И сега, кога имаме малку време, ќе добиеме шанса да напишеме соодветен албум со кој сме задоволни и едноставно едвај чекаме да стигнеме во студио“. Сите едвај чекаме да се врати Евровизија во Торино во мај, изјави  Давид.