„Манескин“ ќе промовира нови песни на Сан Ремо 2023


Манескин синоќа на Греми во Лос Анџелес каде беше номинирана за најдобар нов изведувач

Италија– Нила Пици – 1951 година, Ерос Рамацоти – 1986 година, Ана Окса – 1999 година, трио “Ил Воло” – 2015 година, група “Манескин” – 2021 година и Мамуд – 2022 година – ова се само дел од многуте победници на познатиот италијански фестивал “Санремо”, препознатлив во светот по канцоните и светските ѕвезди како гсти.  Годинашново 73. издание на фестивалот ќе се одржи од 7 до 11 февруари во театарот „Аристон“ во Санремо. Ќе има четири, додека големото финале ќе се емитува во сабота . Водителот на вечерта, како во претходните години ќе биде популарниот италијански водител Амедео Умберто Рита Себастиани, попознат како Амадеус, кому на сцената ќе му помага познатиот пејач и актер Џани Моранди.

Меѓу 28-те натпреварувачи се најдоа Ана Окса со песната „Sali (Canto dell’anima)“, Марко Менџони со песната „Due vite“ и уметникот Madame, кој ќе ја изведе песната „Il bene nel male“. Во првите две полуфинални вечери ќе настапат по 14 артисти, а во третата ќе настапат сите 28, каде повторно ќе ги изведат песните. Ќе настапат и во текот на четвртата, ревијална вечер, но со обработки на познати песни по желба. Во финалето повторно ќе ги слушнеме сите 28 авторски песни, а само пет ќе влезат во суперфиналето со гласање на публиката. До крајот на финалната вечер публиката повторно ќе гласа и ќе го одреди победникот.

Фестивалот „Санремо“ послужи како инспирација за создавање на популарниот музички натпревар „Евровизија“. Така годинешниот победник на „Санремо“ ќе има можност да замине во Ливерпул, каде ќе одржи натпревар за најдобра песна на Европа.

Групата „Манескин“, која победи на фестивалот „Санремо“ во 2021 година со песната „Zitti e buoni“, беше и претставник на Италија на Евровизија и и донесе победа на својата земја. Годинава „Манескин“ ќе гостува и ќе претстави дел од песните од новиот албум.

За време на преносот на последната вечер на на познатиот италијански фестивал на поп-песни во Сан Ремо, кој директно се прикажува на Италијанската државна телевизија, но и во други земји, како што беше претходно договорено, Володимир Зеленски ќе им се обрати на гледачите преку видео врска. Според соопштението, Зеленски изразил желба да пренесе порака за мир.

Одлуката на организаторите на фестивалот предизвика критики, особено кај италијанските интелектуалци, дипломати, новинари и уметници. Тие се против планираното учество на украинскиот претседател на овој настан.

 

Музиката не смее да се меша со воена пропаганда“, пишува во петицијата против „милитаризацијата“ на фестивалот.

„Војната не е спектакл. Посебно не во програмата на музичкиот фестивал“, изјави актерката и музичар Мони Овадија.

„Во средината на музичката програма, Зеленски ќе бара оружје, топови и тенкови, што е несоодветно за музички фестивал“, додаде ТВ водителот Марио Џордано.

Барајќи меѓународна поддршка за својата опколена земја, поранешниот актер и комичар Зеленски ги користи сите социјални мрежи, платформи и медиуми и често и се обраќа на публиката преку видеа, што веќе стана негов начин.