Манекен почина за време на ревија


Бразилскиот манекен, 26-годишниот Талес Соареш, падна за време на ревијата на модниот бренд „Окса“ во Сао Пауло и почина.

Лекарски тим веднаш му укажал помош, но не можел да му помогне.

Тој бил прогласен за мртов откако бил превезен во болница. Локалниот весник „Дејли фолја“ објави дека Соареш паднал откако се сопнал на врвките од обувките и публиката во прв момент мислела дека тоа е дел од настапот.

„На Соареш наеднаш му се слоши за време на нашата ревија. Целиот тим е шокиран“, соопшти модната куќа „Окса“.