Мане потпиша тригодишен договор со Баерн


 Германскиот фудбалски шампион Баерн Минхен го потврди официјално попладнево трансферот на Садио Мане, потпишувајќи тригодишен договор со сенегалскиот напаѓач.

Баерн не ги наведе финансиските детали од договорот, а Би-Би-Си пренесе дека Ливерпул ќе инкасира 32 милиони евра, со дополнителни шест милиони евра во однос на бројот настапи и уште три милиони евра за индивидуални и тимски успеси.

Ливерпул претходно одби две понуди од Баерн пред да се согласи да му дозволи трансфер на Мане со кого имаше важечки договор за уште една година.

Мане во јуни 2016 година дојде во Ливерпул од Саутемптон и на 269 натпревари постигна 120 голови.