Манчини: Балотели не само што треба да постигне гол, туку и да се однесува пристојно

Селекторот на италијанската фудбалска репрезентација, Роберто Манчини, говореше за изгледите Марио Балотели да се врати во националниот тим.

– Марио знае дека му треба не само да постигнува голови, да игра добро, туку и да се однесува пристојно. Сериозен проблем имате ако вашиот играч секогаш ризикува да добие жолт или црвен картон, изјави Манчини.

Балотели досега има одиграно 36 натпревари за Италија и постигнато 14 гола.