Манчестер сити стана првиот клуб во историјата кој потроши повеќе од милијарда евра на своите играчи


Фудбалската опсерваторија ЦИЕС објави рејтинг на клубовите според сумата што ја потрошиле за трансфери на играчи од сегашниот состав. На прво место во рангирањето се најде Манчестер сити. Англискиот клуб е првиот во историјата кој потроши повеќе од милијарда евра на фудбалерите. Вкупната сума изнесува една милијарда и 14 милиони евра.

На второто место е ПСЖ (913 милиони), додека трет на оваа листа е Реал (902 милиони).

Рејтинг на ТОП 10 клубови според потрошени средства на своите фудбалери според ЦИЕС:

1. Манчестер сити (Англија) – 1 милијарди и 14 милиони евра
2. ПСЖ (Франција) – 913 милиони
3. Реал Мадрид (Шпанија) – 902
4. Манчестер јунајтед (Англија) – 751
5. Јувентус (Италија) – 719
6. Барселона (Шпанија) – 697
7. Ливерпул (Англија) – 639
8. Челзи (Англија) – 561
9. Атлетико Мадрид (Шпанија) – 550
10. Арсенал (Англија) – 498.