Манчестер сити со најголем приход лани од 644,9 милиони евра


Англискиот фудбалски шампион Манчестер сити оствари најголем приход минатата сезона, покажува извештајот „Мани лиг“ (Money League), кој традиционално веќе 25 години го објавува ревизорско – консултантската компанија „Дилојт‘ (Deloitte).

Сити остварил приход од 644,9 милиони евра, што е зголемување од 17 отсто во однос на минатата година и 4,2 милиони евра повеќе од второпласираниот Реал Мадрид.

Клубот од Манчестер една сезона претходно беше шесто рангиран на листата на „Дилојт“, а сега првпат е клуб со најголем приход.

Приходите на Манчестер сити во изминатите 25 години, откако се објавува истражувањето на „Дилојт“ пораснале од 14 милиони евра на 644,9.

Трет е Баерн Минхен со 611,4 милиони евра, додека Барселона, која сезона претходно беше прворангирана, падна на четвртото место со приход од 582,1 милини евра.