Манчестер сити првиот клуб од „Големата петка“ со 150 голови во сезоната


Манчестер сити е првиот тим од петте најсилни европски лиги кој оваа сезона успеа да стигне до 150 погодоци. „Граѓаните“ попладнево го победија Кристал палас со 3:1, а третиот гол на гостувањето во Лондон беше јубилејниот 150-ти сезонски.

Од 150-те голови на Сити, 86 се постигнати во Премиер лигата, 20 во ФА купот, 16 во Лига купот, 2 во Супер купот на Англија и 26 во Лигата на шампионите.

Од „Големата петка“ (Англија, Шпанија, Италија, Франција и Германија) втор по ефикасност клуб е Пари Сен-Жермен, трета е Барселона со 122, Баерн Минхен има 109, додека Севиља 105.