Манчестер Сити ја освои рекордната четврта последователна титула
Манчестер Сити победи со 3:1 против Вест Хем во последното коло од Премиер лигата.
Во последното, 38. коло од англиската Премиер лига, Манчестер Сити победи со 3:1 на „Етихад“ против Вест Хем Јунајтед, освојувајќи ја рекордната четврта последователна титула.
Нецели две минути тлееше надежта на навивачите на Арсенал, кои мораше да бидат подобри од Евертон.
Официјално најдобриот играч на сезоната во Премиер лигата и дете на Манчестер Сити, Фил Фоден ја скрши мрежата на гостите по минута и 20 секунди игра. Фоден упати удар со левата нога од работ на шеснаесетникот и одлично го погоди спротивниот агол на Ареола.
Во 18. минута Фоден постигна нов прекрасен гол и со тоа го одведе својот клуб на чекор до титулата.
🏆 Unparalleled 🏆 Unprecedented 🏆 Unsurpassed 🏆@ManCity are the first side in English football history to win four consecutive top-flight titles. pic.twitter.com/JJiKKVGnmY
— Premier League (@premierleague) May 19, 2024
Сепак, за драмата се погрижи Кудус кој постигна гол со ножички во 42. минута.
Ново олеснување на трибините донесе Родри во 59. минута.
Ова е четврта титула во низа за Сити, што е рекорд во историјата на највисокото ниво на англискиот фудбал. Никој досега не ја освоил шампионската титула четири пати, дури ни легендарниот Сер Алекс Фергусон со градскиот ривал Манчестер Јунајтед.
Тоа е 10-та титула во англиското првенство за Сити, осма во последните 13 сезони и дури шеста под водство на Пеп Гвардиола.
2023/24 = ✅ pic.twitter.com/saIB7tT4lz
— Premier League (@premierleague) May 19, 2024