Манчестер сити го освои Суперкупот на УЕФА по пенал-серијата против Севилја


Во натпреварот за Суперкупот на Европа, Манчестер сити вечерва во Атина ја совлада Севилја со 5:4 на пенали. 

Основните 90 минути завршија нерешено 1:1. Јусеф Ен-Незири и донесе водство на Севилја во 25. минута. Кол Палмер во 63. минута го изедначи резултатот.

Во пенал-серијата сите играчи шутираа прецизно, со исклучок на Немања Гудељ кој шутираше последен и ја погоди гредата.

Манчестер Сити ја освои Лигата на шампионите минатата сезона, Севилја ја освои Лигата на Европа.

Англискиот куп за прв пат го освои Суперкупот во првото свое учество, додека шпанскиот тим остана на еден трофеј во ова натпреварување по седмото учество.