Манчестер јунајтед победи на пет од последните шест натпревари, но сите зборуваат за голот на Гарначо


Манчестер јунајтед победи на пет од последните шест натпревари во англискиот фудбалски шампионат. Избраниците на тренерот Ерик тен Хаг вечерва го совладаа Евертон на гости со 3:0 во 13. коло.

Сепак, она што го одбележа овој натпревар е голот  што го постигна уште во третата минута, Алехандро Гарначо и за кој уште сега се тврди дека е погодок на сезоната.

Тоа беше акција иницирана од Маркус Рашфорд, играјќи брилијантно во просторот за Диего Далот. Португалското десно крило уфрли малку пресилна топка која одлета кон работ на шеснаесетникот.

Но, токму затоа видовме сензационален гол.

19-годишниот Гарначо не виде никаков проблем во таквиот центаршут, скокна и со ножички го погоди подалечниот агол, со што на „црвените ѓаволи“ им донесе водство и сопствена номинација за наградата Ференц Пушкаш, која многу лесно може да ја освои по таков гол.

Инаку, почнувајќи од 7 октомври Јунајтед загуби бодови само на натпреварот против градскиот ривал Манчестер Сити (0:3). Победи пет натпревари во Премиер лигата (Брентфорд, Шефилд јунајтед, Фулам, Лутон и Евертон) со вкупен резултат 9:2 .

Манчестер јунајтед е на 6. место на табелата со шест бода помалку од лидерот Арсенал.

Во следното коло Јунајтед на 2 декември ќе го пречека Њукасл.

Натпреварот беше многу важен и за Евертон поради одземените десет бода.