(ВИДЕО) Манчестер јунајтед и Челзи освоија по бод на дербито на „Олд трафорд“


Манчестер јунајтед и Челзи одиграа нерешено 1:1 во дербито од 36.коло во Премиер лигата.

На дуелот одигран попладнево домаќините поведоа преку Хуан Мата во 11.минута, Челзи изедначи со голот на Маркос Алонсо во 43.минута.

Двете екипи се борат да обезбедат место кое носи учество во Лигата на шампионите следната сезона. Челзи со 68 бода во моментов е на 4.место и има два бода повеќе од Арсенал и три од Јунајтед кои му се најголеми конкуренти во трката за место во елитното натпреварување.

На првите три позиции се Манчестер сити со 92, Ливерпул со 91 и Тотенхем со 70 бода. 

https://youtu.be/_1BMBj43VIs