Малопродажен синџир планира „експлозија на цени“: „Сакаме да предизвикаме ценовен шок“
Од понеделник, 31 јули, синџирот Пени планира „експлозија“ на цените на одредени производи.
Овој малопродажен синџир најавува дека виенските колбаси „винер вирстхен“ наместо 3,19 ќе чинат 6,01 евро, органскиот јогурт од 1,16 ќе поскапи на 1,56 евра.
Станува збор за експеримент со кој Пени сака да им даде до знаење на клиентите која е реалната цена на тие производи кога се земаат предвид производството на храна, влијанието врз климата, водата и здравјето, пренесува списанието Fenix.
Експериментот ќе трае една недела.
Поскапувањето беше најавено само за Северна Рајна Вестфалија, а ќе поскапат вкупно девет производи. Како што соопштија од Пени, сакаат да предизвикаат ценовен шок како дел од експеримент.
Тие рекоа дека само девет од над 3.000 производи во нивниот асортиман ќе поскапат. Еднонеделната кампања во сите 2.150 филијали има за цел да ја подигне свеста на клиентите за проблемот.
Тоа би биле „вистински цени“, пресметале научниците од Техничкиот универзитет во Нирнберг и Универзитетот во Грајфсвалд, кои би ги вклучиле не само вообичаените трошоци за производство, туку и ефектите од производството на храна врз климата, водата и здравјето.
„Се лажеме себеси ако се преправаме дека денешното производство на храна нема скриени трошоци за животната средина“, вели Амели Михалк, која ги проучува еколошките и социјалните ефекти на земјоделското производство на Универзитетот во Грајфсвалд.