Малолетник, во 3 часот ноќе, си возел со украден мотор низ Аеродром


Илустрација (Фото: Б. Грданоски)

 

Ноќеска, во 2.45 часот на бул.„Јане Сандански“ во Скопје, полициски службеници од полициската станица Аеродром лишиле од слобода 16-годишник од Скопје.

Тој бил запрен при управување мотоцикл со скопски регистарски ознаки за кој не поседувал документација, а по преземени мерки и извршени проверки било констатирано дека мотоциклот е сопственост на Н.С.(29) од Скопје, а тој го одзел околу 1 часот пред зграда на подрачје на Ново Лисиче.

Во присуство на родител, во полициска станица бил извршен службен разговор со малолетникот.

Мотоциклот бил вратен на сопственикот и по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.