Малолетник со автомобил удрил во запрежно возило, повреден еден човек


 

Во две одделни сообраќајни незгоди повредени се двајца, едниот од Василево, а другиот од село Морани, Скопско.

Имено, вчера, во 9.30 часот на регионалниот пат Струмица-с.Баница-с.Вељуса се случила сообраќајна незгода во која учествувале патничко возило „датсун нисан“ со штипски регистарски ознаки, управувано од малолетник од село Баница и запрежно возило, управувано од Б.К.(62) од село Василево.

Во незгодата Б.К. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Медицински центар Струмица. Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Струмица.

Истиот ден, во 12 часот на ул.„Малешевска“ во Скопје, патничко возило „фиат брава“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Р. (24) од Скопје, удрило во пешакот Ш.Е.(48) од село Морани, скопско.

Во незгодата, Ш.Е. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.