Малолетник ранет со нож од друг малолетник


Фото: Б. Грданоски

Во вторникот, во 20 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ со повреди бил донесен малолетник од Скопје.

Според пријавеното, околу 18:45 часот на ул.„Рокомија“ во Скопје, по претходна расправија, тој бил нападнат со остар предмет од друг малолетник.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.