Малолетник од Скопје со тврд предмет ја нападнал мајка си по полноќ


Малолетник до Скопје физички ја нападнал својата мајка по полноќ. 

– Денеска (28.02.2024) во 00.10 часот во СВР Скопје, 46-годишна жена од Скопје пријавила дека во семејниот дом на подрачјето на Ѓорче Петров физички била нападната од нејзиниот малолетен син, кој употребил и тврд предмет, соопштија од полицијата. 

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.