Малолетник нападнат од куче скитник во училишен двор


Вчера биле регистрирани неколку каснувања од улични кучиња во Скопје.

Синоќа во 21.45 часот во Полициската станица Аеродром, М.Т.(37) од Скопје пријавила дека во двор на основно училиште на подрачје на Аеродром нејзиниот малолетен син бил каснат од куче скитник.

Претходно во 22.00 часот во Полициската станица Центар, А.П.(31) од Скопје пријавил дека на бул.„Кузман Јосифовски Питу“ бил каснат од куче скитник.

Додека во 13.05 часот во Полициската станица Чаир, Т.К.(77) од Скопје пријавил дека на ул.„Александар Урдаревски“  бил каснат од куче скитник.