Мало намалување во заразата од короната во Италија – денеска 601 мртви


Денешните податоци на Цивилната заштита во Италија покажуваат дека во земјата има мало намалување и во бројот на заразените и во бројот на мртвите, иако тие и сега се многу високи. Денеска се регистрирани нови 3.780 инфицирани (вчерашниот број беше 3.957). Бројката на починатите денеска е 601 (вчера тој број беше 651). Вкупниот број на заразените (меѓу кои се и излечените) е 63.927.