Мало месечно зголемување на просечната каматна стапка кај вкупните кредити и депозити во ноември


Фото:Б.Грданоски

 

Просечната каматна стапка на вкупните кредити во ноември бележи мало месечно зголемување и изнесува 4,41 отсто, а слична диманика има и кај каматната стапка на вкупните депозити која изнесува 0,77 проценти.

 

Kаматната стапка на вкупните кредити на домаќинствата е намалена за 0,01 процентни поени во однос на претходниот месец и изнесува 5,02 проценти, а просечната каматна стапка на вкупните кредити на корпоративниот сектор изнесува 3,75 проценти и е зголемена за 0,04 п.п. во споредба со претходниот месец.

Kаматната стапка на вкупните депозити на домаќинствата бележи месечен раст од 0,02 п.п. и изнесува 0,72 проценти, а кај корпоративниот сектор има зголемување од 0,04 п.п. на месечно ниво и изнесува 1,30 проценти.