Малме ќе биде домаќин на 68. Избор за песна на Евровизија


На 67. Евровизија, која годинава се одржа во мај во Велика Британија, победи Шведска, а нејзин претставник беше пејачката Лорен со песната „Тетоважа“.

И денеска, по долго размислување, на официјалната веб-страница на Евровизија беше објавен датумот на настанот, како и градот кој ќе биде домаќин на следниот, 68. Избор за песна на Евровизија.

Официјалните лица денеска соопштија дека финалето ќе се одржи на 11 мај во Малме, а датумите на првото и второто полуфинале се 7 и 9 мај.

Ова ќе биде трет пат Малме да биде домаќин на Евровизија, по 1992 и 2013 година, а вкупно 7-ми пат големото музичко натпреварување да се одржува во Шведска.

Ова, исто така, ќе биде прв пат во историјата на натпреварот Евровизија да не биде домаќин на главниот град пет последователни години.

„Фала боже, повторно не е досаден Стокхолм. Одличен избор“ напиша еден од обожавателите.

Третиот по големина град во Шведска со 350.000 жители беше избран за град-домаќин по ригорозен процес кој ги испитуваше капацитетите на местото на одржување, способноста да се сместат илјадници делегации во посета, екипажи, навивачи и новинари.