Малку убави зборови за односот на ЕУ кон регионот на Преспа форумот
ЕУ морално потклекна во регионот. Словенечкиот претседател Борут Пахор најави дека веќе следната недела ќе оди во Софија, а Филип Рикер порача дека спорот ќе биде решен во наредните неддели или месеци
„Немам што да кажам за тоа што ЕУ не ги отвори првите меѓувладини конференции со Македонија и Албанија. Тоа е неодбранливо“.
Овие зборовви на еврокомесарот за буџет, Јоанес Хан (чие портфолио порано беше проширувањето), на денешната „претседателска“ дебата на Преспа форумот во Охрид на свој начин ја оттлссикаа целата атмосфера на многубројнитте дебати со стотици учесници во која главната поента беше дека Еввропската унија ја губи почвата во регионот и тоа само по нејзина вина.
Можеби е недобранливо, како што вели Хан, но се случува. Дека се случува со други зборови тоа го кажа и словенечкиот претседател Борут Пахор. Според него, бавниот процес на проширувањето го намалува ентузијазмот на граѓаните од овој регион и затоа се појавуваат „опасни идеи за промени на границите“. Одложувањето на преговорите со Македонија не е само без основа и нелогично, рече Пахор, туку е „морално прашање“. За да поентира околу неспособноста на ЕУ да реши вакви крупни прашања поради себичните интереси на поедини земји членки, Пахор запраша – „Чудно е што НАТО има поголемо разбирање за Западен Балкан од ЕУ“.
Тој објави дека словенечата агенда со претседателството на ЕУ навистина е амбициозна, особено околу проширувањњњето и обраќајќи му се на македонскиот претседател Стево Пендаровски, Пахор најави дека веќе следната недела ќе патува во Софија во обид да ја одблокира блокадата на Бугарија, на неколку дена пред изборите таму.
Нешто подоцна помошникот-државен секретар на САД, Филип Рикер, изјави дека бугарско-македонскиот спор ќе биде решен во наредните неколку недели или можеби месеци.
Претседателскиот панел го отвори Стево Пендаровски кој ги постави пред прусутни двете дилеми: ЕУ не е способна да води сама, а САД не се заинтересирани да водат сами во овој регион. „Западен Балкан економски се повеќе заостанува, а Вашингтон само го забележува назадувањетто на демократијата и економијата. Доколку продолжи ваквото темпо за 10 години никој не ќе може да рече дека Западен Балкан успеал“.
Тој повика дека е „време за рестарт, за ресетирање“ обраќајќи им се на претставниците на ЕУ и САД: „Помогнете ни, помогнете им на луѓето од овој регион да успеат и да напредуваат“.
Со случен тон се надоврза на овие зборови црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ: „Пораките од ЕУ го намалуваат европскиот ентузијазам овдде. Сетете се само на изјавата на Жан-Клод Јункер за паузата во проширувањето. Сега тоа го продолжува Урсула фон дер Лајен“. Според Ѓукаковиќ, регионот сега се соочува со истите дилеми како во 1990-тите, кога многу политички кризи кои влегоа во ЕУ започнаа на Балканот. Ѓукановиќ е многу охрабрен со обновувањето на американсско-европските врски по изборот на Џо Бајден и тоа сигурно ќе има одраз и врз проширувањетто. „Мора да има повеќе простор за либералните демократии на Западен Балкан“, заклучи Ѓукановиќ.
За да ги отслика од американска гледна точка очекувањата на Европа од Бајден Филип Рикер го спомена месецот јуни и посетата на американскиот претседател на Европа. Изборот првото патување на Бајден во странство да биде Европа беше со јасна намера, рече Рикер. Тој нагласи дека веднаш потоа и државниот секретар Ентони Блинкен бил во Берлин, Париз и Рим за да ја потврди обновата на старите врски. Рикер спомна дека Блинкен во овие три метрополи разговарал и за проширувањетто на ЕУ кон западен Балкан.
„Треба јасно да им се каже на лидерите и на народите во регионот дека реформитте што се спровведуваат водат кон еввропска интеграција. Неодлучноста и неконзистентноста на ова прашање ги заслабува напорите и на САД и на останатите во овој регион и им одговара на оние кои што сакаат да создадат несогласие во трансатланската заедница.
Одлуките на ЕУ да започнат преговори со Северна Македонија и Аланија пред повеќе од една година беа инспиративни, меѓутоа тоа нема да има кредиббилитет доколку не се преземат конкретни активности за почеток на преговорите. Се наддеваме дека Еворпската унија ќе ги оддржи наскоро меѓувладините конференции со двете земји. И ќе се случи ова. Ги слушнавме заложбите на словенечкото претседавање со ЕУ, ние веруваме дека не е соодветно и дека е штетно за кредибилитетот на Европската унија за нашите заеднички вредности да се потисне процесот на проширување.
Беше кажано од истакнати лидери на ЕУ дека Европската унија мора да ги исполни своите ветувања, особено како што рече германскиот министер за надворешни работи Мас.
Важно е државите членки на ЕУ да ги исполнат своите ветувања и се надеваме дека тоа ќе го сторат во следниот период. ЕУ треба да покаже конзистентност и кредибилитет, тоа може да го стори со доделување безвизен режим за Косово. Косово ги исполни сите предуслови за безвизно патување во Шенген зоната. Ако му се ускрати на Косово безвизен режим и еврропската перспектива тогаш мотивацијата да се водат преговорите меѓу Белград и Приштина ќе биде ослабена“, рече Рикер, нагласувајќи повеќа пати директно и индиректно дека не можеш само да бараш, туку мора и да испорачаш.
Јоханес Хан како евррокомесар на одреден начин мораше да ги рани позициите на Европската комисија, иако не и на целата Европска унија. Според него, ЕУ и САД мора да работат заедно во овој регион, особено за владеењњето на правото. Но се отвора дилема како да се бара владеење на правото од земји-кандидати, а тоа се нарушува драматично во одредени држави на Унијата.
Зборувајќи за спорот меѓу Скопје и Софија, и за другите спорови во регионот, Хан рече: „Политичаротт мора да води, ако водат политички научници нема да има резултат. Мора да има храбро лидесртво. Но Хан треба овие прашања повеќе да им ги постави на лидерите на некои од земјите членки на ЕУ а не само на лидерите од регионот. (Н.В.)