Малку познатиот Ѓорѓија Сајкоски стана нов генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ


Историчарот и сегашен пратеник во Собранието, Ѓорѓија Сајкоски, е нов генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, избран по предлог на претседателот на партијата, Христијан Мицкоски. Сајкоски, роден во Кичево, во својот роден град беше претседател на општинскиот Совет од 2009 до 2013 година, бил заменик-министер за локална самоуправа и директор на јавното претпријатие „Студенчица“. Во последниве десет години тој е претседател на општинскиот комитете на партијата во Кичево.

Откако го предложи Сајковски за новата функција, испразнета со оставката на Игор Јанушев, Мицкоски на Фејсбук му го честита изборот со зборовите: „Сајко, нека е со успех позицијата, нѐ чека многу работа и заеднички битки. Сѐ до конечна победа над мафијата!“