Млaдите во САД прават корона вирус забави – кој прв ќе се зарази добива пари


 

Некои млади во Алабама, САД, организираат корона вирус забави, односно се натпреваруваат кој прв ќе се зарази со вирусот по дружење со заболени. Тој што прв ќе се зарази добива пари.

„Забавите се одржуваат во Тускалуса, а домаќините повикуваат заразени лица, за другите намерно да го довија вирусот. Прво мислевме дека се работи за гласини, а потоа покренавме истрага и откривме дека овие информации ги потврдуваат и лекари, но и државни инститции“, вели членка на Градскиот совет Сони Мекинсти, за Си-ен-ен.

„Првиот на кој лекар ќе му потврди дека го довил вирусот ги освојува парите собрани од влезниците за забавата. Во последните неколку недели во градот и околината се оджале неколку такви забави“, додава таа.

Вели дека е бесна поради тоа, поради фактот што нешто толку сериозно и смртоносно се сфаќа како шега.

„Не само што овие млади се неодговрни кон себеси, тие можат да ги загрозат животите на родителите или дедовците и бабите“, вели Мекиснри.

Градските власти спроведуваат истрага за овие наводи и работат на спречување на таквите забави.

Во Алабама досега се забележани 39.000 случаи на заразени со корона вирус и речиси 1.000 починати.