Максим Димитриевски го спореди со геноцид односот на ЕУ кон Македонија
ЗНАМ и ќе остане на европскиот курс, и ќе бара алтернативно решение

„ Она што се случи во Европскиот парламент, национализам, па дури и етношовинизам од поединци претставници кои доаѓаат од соседна Бугарија, но за жал и од соседна Грција, потврдуваат дека ние веќе не разговараме за промени на уставот. Тоа што го тврдевме пред повеќе од две ипол години, дека ова не е единственото барање упатено до Македонија, се потврдува денес. Одредени политички елити тоа не го признаваа. Верувам дека сега сите ќе се свестат и ќе работиме малку поорганизирано.
Очекувам и нови барања oд соседна Софија и доколку современа Европа сака да функционира така и да решава билатерални проблеми на одредени држав, тогаш нека си ги чува, а ние ќе го бараме нашиот пат и своето решение. Со сопствени сили до таму каде што можеме. Можам да гарантирам, како партиципиент во власта, дека ЗНАМ ќе остане на својот европски курс, но ќе се свртиме кон себе си и ќе бараме дополнителен начин како да го продобриме животот на граѓаните“, додаде Димитриевски.