Максим Димитриевски чекал да види какви се капацитетите на Ковачевски
Градоначалникот на Куманово тврди дека Македонија се управувала од - Шипковица
Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски вели дека не видел обединување во СДСМ, туку само празна реторика. Димитриевски кој сега во Куманово е во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, во разговорот за „Студио 10“ на ТВ24 рече дека во неговата донеаодамнешна партија немало промени ниту во кадрите, ниту во начинот и пристапот како се работи.
„Сметам дека се работи исклучиво за една празна реторика која нема да има сериозен резултат, но пак му оставам простор на Ковачевски да видиме до каде се неговите капацитети со менаџирање на оваа многу тешка и деликатна состојба. Имав контакт со Ковачевски, сум
контактирал со него повеќе пати и во минатото и сега, но личниот контакт е една работа, а соработката е друга работа. За да соработуваме првенствено треба да имаме усогласени ставови по основните политички теми во државата“, рече Димитриевски.
Тој сакал да го слушне мислењето на Ковачевски за темата Бугарија, за името, на повеќе различни теми кадешто имаше камен на сопнување помеѓу мене и поранешното партиско раководство. „Тој беше составен дел на поранешното партиско раководство, но како член во
Извршниот одбор“, рече Димитриевски.
Иако бил социјалдемократ по убедување и лево ориентиран Максим Димитриевски рече дека „состојбата во државата ми налага во моментот да одам малку кон центарот, бидејќи сметам дека само едно централно движење во моментов ќе може да ја изведе на вистински пат Македонија“, идиректно најавувајќи дека е можно да прави нова партија.
Димитриевски тврди дека Македонија се управува од една локација – Шипковица. „Македонија се управува од еден центар Шипковица, каде постојано една политичка партија којашто е моноетничка управува и менаџира со државата последните 20 години, коалицира со едната или
другата страна, а едната или другата страна оптоварени со голема желба за власт и превласт се подготвени на сите отстапки како би останале во позиција да владеат“. Овие негови ставови во многу нешта потсетуваат на реториката на ВМРО-ДПМНЕ дека владата била управувана од ДУИ, а дека СДСМ во неа се потстанари.