Макрон: Русија почна нов вид хибридна војна
Франсуцкиот претседател Емануел Макрон денеска во Бенин рече дека Русија е една од послените колонијални империјални сили откако почна војна во Украина.
„Русија почна офанзива против Украина, тоа е војна за територија за која мислевме дека исчезна од европското тло“, рече Макрон на прес-конференција со својот колега од Бенин, Патрис Талон.
„Русја е една од последните колонијални империјалистички сили затоа што одлучи да нападне соседна земја за таму да ги брани своите интереси“, рече францускиот претседател.
Русија почна нов вид хибридна светска војна
Според Макрон, кој е на африканска турнеја во исто време кога и шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров, Русија почнала нов вид хибридна светска војна.
„Одлучи дека информациите, енергијата и храната се воени инструменти ставени во служба на континенталната империјалистичка војна против Украина“, рече Макрон.
Според него, Русите се тие кои прават нерамнотежа покрај сите дипломатски турнеи и дезинформации кои ги шират по светот, а Русија е една од земјите која најмногу користи инструменти на пропаганда, посебно преку Раша тудеј и Спутник.
Ги осуди уцените од Москва околу храната
Макрон повторно ги осуди уцените околу храната со блокирање на украинското жито, но и енергијата кон Европјаните.
„Мислам дела е мудро за Европјаните да не се изложуваат на овие стратегии затоа што тоа е еден од елементите на оваа хибридна војна“, додаде.
Макрон и ден порано при посетата на Камерун ја критикуваше Москва, а истовремено Лавров во Уганда изјави дека Русија не е одговорна за енергетската и прехранбена криза, осудувајќи ја кампањата која се води околу тоа.