Макрон призна: Бугарското вето е неправедно спрема Македонија
Францускиот претседател на прес-конференцијата вечерва во Брисел рече дека „не живееме сите во иста куќа, но живееме на иста улица“
На прес-конференција оваа вечер, францускиот претседател Емануел Макрон ја истакна „историската“ одлука за доделување кандидатски статус на Украина и Молдавија. „Тоа е силна политичка одлука“, рече тој.
ЕУ презеде „џиновски чекори“ за да ги подготви двете земји за кандидатски статус навреме за состанокот на Советот. „Му го должиме тоа на украинскиот народ“.
Тој призна дека бугарското вето е неправедно за Северна Македонија, која „направи толку многу“ во нивните напори да ги започне преговорите за пристап во ЕУ. Сепак, надежите се големи дека ветото ќе биде укинато откако ќе помине гласањето во бугарскиот парламент – или во петок или следниот понеделник.
„Блиску сме до договор кој овозможува правда за бугарските барања и е компатибилен со тоа што Северна Македонија може да го направи, потребни се видливост и доверба, во следните часови ќе има гласање на бугарскиот парламент, ќе гледаме кон бугарскиот претседател и партиите од сегашното мнозинство, опозициските партии“, рече Макрон, и додаде дека со „Северномакедонците“ во следните часови ќе разгледува начин да се склучи договорот, за до идната недела да помине на амбасадорско ниво и да се деблокира процесот. Тој рече дека ЕУ не може да се преправа дека барањата на Бугарија не постојат.
Макрон ја поздрави храброста Зоран Заев, кој го смени Уставот и името на државата, а го пофали и премиерот на Бугарија, Кирил Петков за неговата политичка храброст.
Во еден поширок разговор за проширувањето, Макрон инсистираше на тоа дека ЕУ треба да ја направи политиката на проширување „кредибилна“ за земјите кандидати. Тој ја навести неговата „Европска политичка заедница“ како релевантна и ефикасна алатка за да ги држи соседите на ЕУ стратешки блиску додека тие минуваат низ „бавните чекори“ на пристапување и да избегнат „замор од проширувањето“.
„Не живееме во иста куќа“, рече тој, „но сите живееме на иста улица“.