Макрон: НАТО е на смртна постела


Францускиот претседател Емануел Макрон предвидува распаѓање на НАТО алијансата.Во интервју за британски “Економист” истакна дека НАТО е во состојба на мозочна смрт, а Европа стои на работ на бездна.

Тој вели дека е време “Европа да се разбуди”

“Она што моментално го гледаме и низ што поминуваме може да се опише како мозочна смрт на НАТО, а Европа се наоѓа на раб на бездна. Европа мора да почне стратешки да се гледа и да размислува за себе како геополитичка сила. Во спротивно, веќе нема да може да ја контролира својата судбина”, потенцира Макрон.