Макрон: Наскоро е можен прекин на огнот во Нагорно Карабах


Францускиот претседател Емануел Макрон смета дека наскоро може да се склучи примирје во конфликтот во Нагорно Карабах, иако ситуацијата таму се уште е нестабилна.

Елисејската палата соопшти дека Макрон доцна синоќа разговарал со ерменскиот премиер Никола Пашинијан и рано утрово со азербејџанскиот претседател Илхам Алиев, со цел „продолжување на преговорите во наредните денови“.

Обновените судири меѓу Азербејџан и Ерменија во Нагорно Карабах ескалираа на 27 септември.

Двете страни прогласија воена состојба и општа мобилизација и пријавија жртви, вклучително и цивили.