Макрон итно оди во Нова Каледонија
Францускиот претседател Емануел Макрон ненадејно ќе оди во Нова Каледонија погодена од немири, сигнализирајќи ја зголемената доверба на француските власти дека засилените безбедносни и итни мерки ги ставаат под контрола смртоносните немири на француската територија на Пацификот, јави Асошиетед прес.
Владиниот портпарол Приска Тевенот го најави патувањето, кое бараше промена на распоредот на Макрон. „Тој ќе оди таму вечерва“, рече таа по состанокот на кабинетот во вторникот, на кој претседателот објави дека самиот одлучил да отпатува таму.
Макрон претходно имаше закажано посета во Нормандија, северна Франција, во средата. Наместо тоа, тој ќе лета до архипелагот 10 временски зони подалеку од Париз, источно од Австралија, кој беше зафатен од смртоносни вооружени судири, грабежи, палење и други хаос, при што беа убиени шест лица, вклучително и двајца жандарми, во изминатата недела.
Париз минатата среда прогласи 12-дневна вонредна состојба на островот каде домородното население долго време бара независност од Франција и побрза со 1.000 засилувања за да ги зајакне безбедносните сили кои изгубија контрола врз некои делови на главниот град Нумеа.