Макрон: Финализиран е договорот со Велика Британија

Претседателот на Франција, Емануел Макрон денеска изјави дека договорот со Велика Британија за излегување од Европска унија е финализиран и оти потенцијално би можел да биде договорен утре на самитот на Европскиот совет.

– Сакам да верувам дека договорот е фијнализиран и дека ќе го поддржиме утре, изјави Макрон на заедничката прес-конференција со германската канцеларка Ангела Меркел.

Претходно, неименуван претставник на ЕУ изјави дека е во голема мера е подготвен привремен технички договор за брегзит.

Тој истакна дека се договорени еднакви услови и царини, како и согласност од Парламентот на Северна Ирска на секои четири години. Но, за сето тоа да се придвижи потребна е согласност од британската Влада.

Претходно, портпаролот на британскиот премиер изјави дека Борис Џонсон пред министрите изјавил дека постои можност за постигнување договор за нов договор за брегзит со ЕУ, но оти се уште не е постигнат.