Макрон добил пакет со отсечен прст


Отсечен прст бил испратен до резиденцијата на францускиот претседател Емануел Макрон, објави парискиот неделник Valeurs actuelles цитирајќи извор од безбедносните сили.

Вознемирувачкиот пакет бил примен во кореспонденцијата на Елисејската палата помеѓу 9 и 10 јули, рекол изворот додавајќи дека човечкиот прст го пронашла полицијата.

Пакетот наводно пристигнал пред Денот на Бастилја, националниот празник на Франција, кој се слави на 14 јули. Според пријавата, лицето што го испратило прстот по пошта – е идентификувано.

„Ова веднаш ги активира соодветните процедури за случаи што вклучуваат вознемиреност, така што засегнатите лица може да контактираат со соодветните служби и да подлежат на медицинска проценка“, рекол изворот.

Канцеларијата на Макрон одбила да коментира за ова прашање.

Во 2021 година шпанските власти пресретнаа коверти со заканувачки писма и куршуми испратени до неколку политичари и функционери. Во 2022 година шпанската полиција уапси 74-годишен маж како дел од истрагата за писма-бомби испратени до разни институции, вклучително и Министерството за одбрана на земјата.

Минатата година Украина објави дека нејзините амбасади во Европа добиле крвави пакети со животински очи.