„Макпетрол“ почнува со испорака на екстра лесно масло за домаќинство


 „Макпетрол“ од денеска почнува со прием на уплата и испорака на екстра лесно масло за домаќинство EL-1 што ќе се врши секој работен ден од 8:30 до 15:30 часот.

-Продажбата годинава ќе се врши преку складовите на „Макпетрол“ АД. Детални информации околу уплатата и испораката на екстра лесното масло за домаќинство граѓаните можат да ги добијат на телефонските броеви според местото на нивното живеење, односно испорака, посочуваат од компанијата „Макпетрол“ АД Скопје.