„Макпетрол“: Лажна наградна игра циркулира во приватни пораки на социјални мрежи


Изедначувањето на акцизата на екстра лесното гориво со дизелот ќе демотивира понатамошни злоупотреби, ќе придонесе за зголемен квалитет на горивото што се користи, а истовремено ќе ја заштити животната средина

Линкови што водат до лажна наградна игра почнаа да циркулираат во приватни пораки на социјалните мрежи и во нив „Макпетрол“ се наведува како организатор. Компанијата укажува дека се работи за измама и потенцира дека корисниците не треба да кликаат на линковите во пораките, бидејќи на тој начин ја загрозуваат безбедноста на своите електронски уреди и лични податоци.

– „Макпетрол“ традиционално секоја година ја организира наградната игра „Со Верна купувај и награди добивај“ и таа се одвива според сите законски нормативи и процедури. Активни и официјални интернет-страници на компанијата се www.makpetrol.com.mk и www.verna.mk, додека официјален Facebook-профил е „Макпетрол Ultra“. Сите останати пораки кои наликуваат на наведените веб-страници се лажни, немаат никаква поврзаност со „Макпетрол“ и граѓаните истите треба целосно да ги игнорираат, велат од компанијата.

Според „Макпетрол“, надлежните институции се известени за пораките преку кои се повикува учество во лажната наградна игра.