„Макпетрол“ АД Скопје овозможи онлајн нарачки и плаќање на екстра лесно масло за домаќинство EL-1


 

Компанијата „Макпетрол“ АД Скопје овозможи онлајн нарачки и плаќање на екстра лесно масло за домаќинство EL-1.

Како што соопштија од „Макпетрол“ тоа е овозможено преку онлајн платформата на компанијата. Плаќањето на нарачаните количини екстра лесно масло за домаќинство EL-1 се врши онлајн, а доставата е директно на адресата што ја навел потрошувачот.

Покрај онлајн нарачките и уплатата, „Макпетрол“ од 17 октомври започна и со физички прием и достава на документација за екстра лесно масло за домаќинство EL-1, секој работен ден од 08:30 до 15:00 часот. Продажбата оваа година се врши преку складовите на „Макпетрол“ АД.