Мајка и четиримесечно бебе од Кочани се лекуваат од Ковид 19


Фото: Б. Грданоски

На Инфективната клиника во Скопје денеска се примени нови пет пациенти, со што вкупниот број на пациенти на клиниката е 68.

Дваесет се со потешка клиничка слика, од кои седум критично и се приклучени на респиратори, соопшти министерот за здравство Венко Филипче.

На Клиниката има мајка и четиримесечно бебе од Кочани, заболени од Ковид 19, со блага анемија, но според министерот, бебето е добро.

Во болницата „8 Септември“, сместени се 25 пациенти, а во Битола четворица.

Уште четворица чекаат резултати од тестот, по што ќе бидат пуштени дома.