Македонско-германски форум „30 години независност на Северна Македонија – Улогата на Собранието во демократијата“
Македонско-германски форум насловен „30 години независност на Северна Македонија – Улогата на Собранието во демократијата” ќе се одржи денеска во Скопје во организација на Фондацијата Конрад Аденауер и Институтот за општествени истражувања – МК91.
Гости и говорници на форумот, како што најави Фондацијата Конрад Аденауер, ќе бидат проф. д-р Норберт Ламерт, претседател на Фондација Конрад Аденауер и поранешен претседател на Германскиот Бундестаг (со обраќање преку видео-конференциска врска) и Горан Мисовски, потпретседател на Собранието на Република Северна Македонија.
На панел дискусијата на тема „30 години независност – улогата на Собранието во демократијата“ покрај пратениците од Собранието, учество ќе земе и Марион Валсман, пратеничка во Европскиот парламент / потпретседателка на заедничкиот парламентарен комитет на делегацијата на ЕУ во Северна Македонија.
Во рамки на петтиот македонско-германски форум ќе биде промовирана и анализата „30 години независност“.
– Настанот ќе биде организиран во согласност со сите безбедносни протоколи за заштита од корона вирусот, се вели во соопштението.